243
„Целта е да немаме градоначалници и советници кои ќе бидат партиски послушници, туку да бидат луѓе на граѓаните. Ние на локалните избори ќе одиме со партијата ДОМ, но сметам дека уште неколку партии ќе ни се приклучат“, изјави претседателот на ЛДП, Горан Милевски во дневникот на ТВ Сител.
Според него, предвидени се 60 листи за советници.
„Макробиологот Пановски не се пронаоѓа во градоначалничката функција. Тој ќе ни помогне на друг начин и ќе биде доста застапен во кампањата“, информира Милевски, додавајќи дека веќе имаат избрано кандидати за градоначалници во Центар и Ѓорче Петров, а сите имиња ќе ги обелоденат во втората половина на август.