Милевски: Изјавата на Мијалков мислев дека е пародија, не верувам во приказната дека имал температура

од Берта Китинска

Министерот за локална самоуправа и преседател на ЛДП Горан Милевски во гостувањето на Сител го искоментира потегот на  Сашо Мијалков кој денеска по потрагата од надлежните сам се пријави во обвинителството.

-Кога ја видов денешната негова изјава мислев дека е една пародија, но излезе дека навистина се пријавил во обвинителството. Не верувам во приказната дека имал температура, мислам дека ниту еден граѓанин не може да поверува во такво нешто, добро е што има позитивна разрешница овој случај. Мислам дека проблемите се во самиот  ситем со самите процедури со давање пописи, поднесување барања им овозможува бегство, криење, вели Милевски.

loading...

Слични содржини