Милевски кон Левица: Советниците ги потпишаа изјавите со Северна, искарајте ги или искучете ги ако сте принципиелни!

од Берта Китинска
280 прегледи

Бидејќи се силат на Фејсбук од Левица и ја манипулираат јавноста дека нивните советници немало да постапат по укажувањата на Министерството за локална самоуправа, сакам да им одговорам исто така преку Фајсбук, пишува министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во врска со денешното соопштение на Левица во кое беше наведено дека нема сила што може да ги натера општинските советници на Левица да потпишат заклетва со „Северна“ бидејќи оваа придавка не постои во законскиот текст.

-Советниците на Левица, ако не е информиран Президиумот на нивната партија, го прифатија укажувањето на Министерството и ги потпишаа изјавите согласно Уставот и законите во државата и дадоа заклетва дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Северна Македонија. Сега или искарајте ги или искучете ги, ако сте принципиелни!, напиша Милевски.

Слични содржини