Милевски: Не дојдовме во Португалија како туристи

од Nikola Popovski
491 прегледи

Репрезентацијата на Македонија утре во Порто го игра еден од најголемите свои натпревари во историјата, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022. Пред овој натпревар на официланата прес конференција говореше селекторот Благоја Милевски.

„Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи, не би издвоил никој посебно, ќе треба да зборувам многу. Ние не сме дојдени тука како туристи, дојдовме да уживаме во натпреварот и да победиме. Никој не очекуваше да играме финале за пласман на СП, ние сме тука, нема бегање од тоа, Македонија ужива во тоа, од мене играчите имаат една порака, да уживаат во моментот и натпреварот со Португалија. Сите се спремни, за стартни единаесет немаме проблем, се знаат кои се. Не очекува различен меч од оној со Италија, не знам колку треба да бидеме подобри од мечот со Италија, Португалија е составена од извонредни играчи кои се меѓу најдобрите во европскиот фудбал. Ние си имаме свои квалитети, како тим, како целина, ќе видиме што ќе донесе победа, тимска игра, или тимска поставеност. Секој спорт кај нас има успех, но кога разговараме за фудбал, тоа е друга димензија, на глобално ниво, фудбалот е фудбал, патот до овде е навистина тежок, се среќавате со сериозни репрезентации и традиции, Македонија е рамо до рамо со најдобрите, ова е само показател како понатака. Статистиката е таква каква што е, но секој натпревар посебен, да, важно е кој ќе постигне прв гол, но тоа не значи дека ќе заврши со тоа. Што се однесува до Роналдо, се работи за најдобриот играч на светот, но тој не игра сам, играат уште други десет, тие имаат извонредни играчи, и ќе треба да се сконцентрираме на Португалија како тим, а не на поединци. Португалија е фаворит, но Македонија не е случајно тука, што ќе донесе натпреварот ќе видиме“ – рече Благоја Милевски.

Слични содржини