Милевски: Русија нема да се повлече од Украина

од Nikola Popovski
452 прегледи

Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски смета дека Русија нема да се повлече од територијата на Украина.

-Да сакаше Русија прекин на војната, ќе го направеше на првата средба преговори. Целта е јасна – Русија сака целосна доминација врз Украина. Тие веќе економски ја ништат и мислам нема да се повлече. Ги сметаат Украинците за наметнати. Со одлуката на ЕУ за тригодишна дозвола за работа за бегалците од Украина, станува јасно дека ова ќе потрае. Не очекува долгорочен период, вели Милевски во емисијата „24 анализа“.

-Ова лудило на Путин мораме да го спречиме. Премолче Европа за Грузија и Крим и ако се премолчи за ова, не знаеме каде понатаму ќе оди Русија. Европа е исплашена, но мораме да се реагира. ВМРО-ДПМНЕ не треба да лови политички поени на овие прашања. На премиерот на Германија станаа сите да му аплаудираат во Парламентот и власт и опизиција, додаде Милевски.

Слични содржини