Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски информира дека синоќа Извршниот одбор на партијата го отфрлил францускиот предлог кој циркулира во јавноста.
-Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот. Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија. Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција. Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси. Доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација, објави Милевски на социјалните мрежи.