Милевски: Треба да имаме национална стратегија за важните реформи во земјата

од Andreja Salpe

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија вели дека државата има пари, само треба правилно да се насочат.

– Министерството за локална самоуправа заедно со швајцаарската амбасада, во пилот училиште во Куманово веќе спроведе нов модел за децата да учат подобро. Набаввивме очила преку кои може да се види сончевиот систем, исто така децата визуелно можат да ги видат органите. Не е веќе време кога по биологија имаше само костури. Набавивме и камери, кога дете е болно дома, ќе може да ја следи наставата. Ова не е многу скап модел, кај нас треба само да се почне и правилно да се заврши. Пари има, само треба да се насочат, истакна Милевски.

Тој исто така се осврна на реформите во образованието и додаде дека треба да имаме национална страгија по вакви прашања.

– Треба да има консензус во општеството по ваквите прашања. Не треба консезус да има за дивоградби, туку за образование. Има премногу изгубени генерации во државата. Како што иде Владата или министерот од иста политичка гарнитура, така си спроведува сопствени реформи. Тоа не е начинот, ние треба да имаме национална стратегија, додаде Милевски.

Слични содржини