Ѓоковиќ се „распадна“ пред новинарите: „Се мачам, загрижен сум за себе…“

од Vladimir Zorba

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е поразен во полуфиналето на АТП турнирот во Женева, Швајцарија. Во три сета го доби 49. тенисер на светската АТП листа Томаш Махач. Ѓоковиќ го загуби првиот сет, по што му се слоши.

Се врати на теренот, го доби вториот сет со 6:0, но потоа повторно падна и во третиот загуби со 6:1. Следната недела во Париз ќе се игра Ролан Гарос, вториот Гренд слем турнир во сезоната, а актуелниот играч број еден во светот по тежок натпревар емотивно се распадна пред новинарите.

„Секако дека сум загрижен. Не играв добро цела година, освен неколку натпревари. Работите се такви какви што се… Не се гледам себеси како фаворит во Париз. Ќе се обидам да одам натпревар по натпревар, па ќе видиме“, рече Новак Ѓоковиќ и додаде:

„Немав добра вечер, денеска беше многу тешко. Имав неверојатни мачнини во првиот дел од натпреварот. Не сакам да му одземам ништо на Томаш, кој ја заслужи победата, но не знам што да мислам за оваа игра. Би сакал да го заборавам ова. Не знам како го освоив вториот сет. На крајот, билансот е добар, се надевав дека ќе одиграм еден меч тука, одиграв дури три“, изјави Ѓоковиќ.

„Не е убаво вака да се мачам на теренот. Тешко е да се фокусираш на тенисот кога имаш грижи во твојот ум. Се надевам дека ќе бидам здрав за Ролан Гарос“, заклучи Ѓоковиќ.

Слични содржини