Милевски за изјавата на Закаријаш: Да се провери дали е нешто извадено од контекст

од Nikola Popovski
386 прегледи

„Треба да се провери од МНР, да видиме дали е од контекст нешто извадено, па да има друга конотација“, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во емисијата „Само вистина“, за изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Поула Закаријаш, во која вели дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик.

Според него, прво треба да се провери целата ситуација, па после да се коментира.

„Португалија јасни го кажа својот став, дека Македонија заслужи да влезе во преговори со ЕУ. Не гледам сомнеж во португалската страна“, вели Милевски, додавајќи дека ние не можеме да чекаме како држава уште 20 години, како спорот со Грција.

Слични содржини