Милевски за „Локално“: Ќе се воздржиме од коментари се додека ДИК не излезе со конечни резултати 

од Берта Китинска

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој годинава како кандидат на  движењето „Одлучно за промени“ го бараше гласот на битолчани за градоначалнички мандат, заврши како третопласиран на вчерашните локлани избори. Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ синоќа изјави дека ја очекуваат поддршката од Горан Милевски, претседателот на ЛДП и довчерашен коалициски партнер на социјаледемократите, за пресврт во вториот круг.

-Принципиелно ќе се воздржиме од коментари се додека ДИК не излезе со конечни резултати. Дури потоа ќе можеме да го искоментираме вчерашниот изборен ден, изјави кусо за Локално, кандидатот за градоначалник од ЛДП/ДОМ за Битола, Милевски.

Според резултатите од веб-страницата на Државната изборна комисија, во Општина Битола победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски со освоени 19.532 гласа односно 42,83% од гласовите, додека второпласиран е Христо Кондовски од СДСМ, кој освои скоро 2.000 гласа помалку (17.891 гласа, односно 39,23%).

Слични содржини