Милијардерот Лин Чи, кинески гејмерски тајкун и продуцент на Нетфликс, почина на Божиќ, објави неговата компанија, а полицијата сега истражува дали 39-годишникот бил отруен, пренесува Си-Ен-Ен.
На 26 декември, управниот одбор на компанијата Yoozoo издаде изјава со која се потврдува смртта на основачот и претседател Лин Чи.
„Директорите, супервизорите, високото раководство и сите вработени во компанијата изразуваат длабоко жалење за смртта на г-дин Лин Чи“, се вели во соопштението.
Колегата на Лин, 39-годишиот Ксу, задржан е во притвор во Шангај, а властите во соопштението велат дека за првпат биле предупредени за труењето на 17 декември.
Полицијата соопшти дека Ксу е „осомничен за сторено големо казнено дело“.
Два дена пред неговата смрт, Yoozoo објави дека Лин е примен во болница поради „физичка непријатност“, но дека е во стабилна состојба и се опоравува.