Милион ипол евра за бивши функционери

од desk2
122 прегледи

Државата издвоила милион ипол евра за бенефиции за поранешни функционери, од министри и пратеници до директори на јавни претпријатија и државни органи. Тие и по престанокот на мандатот добиваат апанажа. Некои од нив имаат лични возачи и обезбедување, пишува Радио Слободна Европа.

По смената на власта, 70 поранешни функционери кои ги назначува Владата, 39 пратеници и десетина поранешни функционери кои ги назначува Собранието една година по завршетокот на мандатот добивале апанажа. Според пресметките од податоците што ги добивме од институциите, за апанажа се потрошени над милион ипол евра.

Пратениците, министрите и други функционери кои ги назначува Владата, Собранието и Претседателот имаат законско право да добиваат плата од државата и по завршувањето на нивниот мандат.

Груевски зел 16 илјади евра, Димитриев не сака апанажа

Поранешниот премиер Никола Груевски, искористувајќи го правото на апанажа со плата од 84.514 денари, од државата за една година добил 16 илјади и петстотини евра. Според податоците од Владата, барањето Груевски го поднел на 19 јануари 2016 година, кога на негово место застана привремениот премиер Емил Димитриев, односно кога му престанал работниот однос. Оттаму додаваат дека Димитриев не побарал апанажа, зашто по престанокот на неговиот мандат седна во пратеничката клупа.

Според одговорите кои ги добивме од Владата, по смената на власта, 70 луѓе, кои како функционери ги назначува Владата, побарале да го искористат правото на апанажа. Тоа право го искористиле поранешниот портпарол Александар Ѓоргиев, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. На оваа листа се и поранешниот директор на Државниот архив Филип Петровски, кој ова право го користел до крајот на јуни. На листата на оние кои и по завршувањето на функцијата живееле на државна сметка се и Влатко Поповски, кој ја водеше Агенцијата за вработување, потоа Шабан Салиу, кој беше назначен како в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување, државни секретари, директори на казнено-поправни установи, на инспекторати, на управи кои се дел од разни министерства, членови на комисии за продажба на земјоделско земјиште…

Целиот текст тука