176
Бројот на пациенти со коронавирус во светот денес надмина 78 милиони, според податоците на порталот „Ворлдметерс“. Последните милиони луѓе беа заразени за само ден и половина.
Досега, 54,8 милиони луѓе во светот се опоравиле од коронавирус, а 1,71 милиони пациенти починале.
Бројот на активни случаи е 21,48 милиони.
Меѓу земјите со повеќе од два милиони случаи, САД се уште се на прво место, со повеќе од 18,5 милиони случаи, следи Индија (10,09 милиони), Бразил (7,2) и Русија (2,9), Франција (2,4), Велика Британија (2), Турција (2).