Битолчанецот Д.Н. (21) стана милионер. Добивката вредна 1.439.321 денари ја освои во Клуб Спорт 77 Евротип во Битола на 30 октомври годинава, соопшти Државната видеолотарија на Македонија.
Ова не е негова прва добивка, но е најголемата досега. Како што рече, ја очекувал, затоа и играл на видеолотариските терминали.
Џек пот добивките Државна видеолотарија ги стартуваше на 1 јуни 2016. Мини џек пот е од 5.000 до 10.000 денари, додека Милионер џек пот 1.200.000 до 1.800.000 денари. Под мотото „Играј за забава“, досега се освоени 18 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 24.809.721 денар. Покрај нив, освоени се и 2.233 Мини џек пот во вкупен износ од 16.730.972 денари.
Државна видеолотарија на 12 октомври го почна промотивниот караван „Играј за забава“ кој носи многу изненадувања, подароци и забава за сите играчи на видеолотариските терминали низ Македонија. Досега се реализирани промоции во Скопје, Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово, Македонски Брод, Охрид и Струга. Денеска караванот продолжува во Куманово, утре во Крива Паланка, а задутре во Кратово