Милиони букети ја преминуваат царината на САД пред Св. Валентин

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Со наближувањето на празникот на вљубените не само рестораните, хотелите и продавниците се во трескавична подготовка. Царинските службеници во САД треба да прегледаат милиони букети цвеќе, барајќи евентуално скриена дрога или едноставно инсекти штетници.

“На царината една од најважните задачи е да се заштитиме земјата против паразити, кои би можеле да упаднат во нашиот екосистем и да предизвикаат сериозни оштетувања”, објаснуваат цариниците.

Тие ги проверуваат букетите на доста примитивен, но ефективен начин – едноставно ги вртат со цветот надолу и нежно ги протресуваат за да испаднат евентуални инсекти или евентуално скриена во букетот дрога.

Повеќето од цвеќињата во тоа време на годината се рози кои доаѓаат од Колумбија или Еквадор, Мексико и Холандија. Цветовите кои пристигнуваат и ги очекуваат проверките се складираат во огромна сала со температура на воздухот 1 степен Целзиусов.

Вкупно во рацете на биолозите и ентомолозите на царината, за трите недели пред денот на вљубените, поминуваат повеќе од 500 милиони цветови. Аеродромот во Мајами добива 88% од цвеќињата, кои влегуваат во американската – индустрија, која обезбедува 15 милијарди долари и 200 000 работни места во земјата.