Милиони јајца се уништени во ЕУ загадени со „фипронил“

од desk2
90 прегледи

По скандалот со откриени токсини во јајца од Холандија, еден од најголемите германски синџири на супермаркети, комплетно ги повлече јајцата од трговијата. Се вели дека мерката е чисто превентивна.

Во соопштението на прехранбениот дисконтер се вели дека и натаму не произлегуваат никакви здравствени опасности, но отсега во Алди ќе може да се лиферуваат само јајца со приложен доказ за неприсуство на токсини, првенствено на инсктицидот против растителни вошки, кој содржи фипронил. Претпријатието најавува дека оваа мерка може да води до проблеми во снабдувањето со јајца, но ја истакнува нејзината неопходност во функција на желбата за воспоставување „јасност и транспарантност“ кај своите муштерии.

Уште од почетокот на неделата, Алди веќе не се снабдува со јајца од привремено затворените холандски живинарски фарми, а деновиве од одделни региони превентивно од продажба беа повлечени сите видови јајца. На муштериите кои купиле јајца во филијалите на дисконтерот, со приложување на сметката, ќе им бидат вратени парите.

И производите што содржат јајца се погодени од скандалот со присуство на исклучително високо ниво на инсектицидот „фипронил“, соопштија германските власти.

Според нив, не само јајцата туку и производите што содржат јајца се загадени со инсектицидот.

Јајца со толку високо ниво на фипронил се пронајдени во 28 центри за дистрибуција во Холандија и неколку во Германија.

Вкупно 180 холандски фарми се затворени како резултат на истрага се до објавување резултати од анализи.
Во Германија се дистрибуирани околу 2,2 милиони такви јајца. Европската комисија се обиде вчера да ги убеди потрошувачите дека јајца од Холандија со исклучително високо ниво на инсектицидот фипронил се повлечени од рафтовите на продавниците, јави ДПА.

Властите во Холандија ги предупредија потрошувачите да не купуваат јајца поради високо ниво на фипронил, од кое може да се оштетат црниот дроб, тироидната жлезда и бубрезите.