Милиони луѓе ќе работат од дома поради загадувањето во Њу Делхи

од Milan1

Врховниот суд на Индија денеска им препорача на властите да ги затворат деловните канцеларии во главниот град и околните градови, дозволувајќи им на милиони луѓе да работат од дома, во момент кога власта бара начини да го намали опасното загадување на воздухот кое доведе до затворање на училиштата.

Ова се случува откако градските власти во Њу Делхи, кој се бори со токсичниот смог од почетокот на ноември, презедоа вонредни мерки во саботата, наложувајќи затворање на училиштата и четири дневен прекин на градежните работи.

Судот, исто така, побара итни мерки за ограничување на пожарите во државите Харјана, Пенџаб и Утар Прадеш, кои предизвикаа стотици илјади земјоделци да ги расчистат полињата за новата сезона на сеидба.

 

 

Слични содржини