Министерот за надворешни работи на Бугарија ,Милков прашува како за Македонија е проблем тоа што еден клуб на Бугарите во Македонија ќе го носи името Цар Борис Трети а не ни е проблем што гимназија во Скопје го носи името Јосип Броз Тито,И толку човекот разбира историја.Толку знае какви заслуги за нас Македонците имаат Царот Борис и Тито.Толку знае какви сеќавања буди кај нас политиката на нивниот Цар Обединувач и соработник на Хитлер и политиката на антифашистичкиот херој и југословенски и светски лидер Тито пишува на својот Фејсбук профил професорот Ѓорги Спасов, коментирајќи ја изјавата на на бугарскoто МНР на кое му пречи името на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ додавајчи дека тоа е поголем проблем од „Цар Борис Трети“.
-А можеби и знае.Но тој како и Захариева не прават разлика меѓу фашизмот и антифашизмот.Сега по нивната логика ако сакаме да,станеме членка на ЕУ треба да ги вратиме симболите на фашизмот ,да ги славиме соработниците и сојузниците на Хитлер, а да се откажеме од нашата антифашистичка борба и епопеја во име на така замислените “европски вредности”.
И веројатно тоа така ќе се случува се додека нашата влада и министерството за правда се прогласуваат себе си за ненадлежени во спречувањето на сите видови провокација од страна на оние што се уште не се разбудиле од сонот за Санстефанска Бугарија.
А тоа е и директно мешање во нашите внатрешни работи.Можеби се во право оние што велат: остави ги кучињата да лаат додека караванот врви.
Ама некогаш не е лошо да им се каже дека претеруваат со нивните провокации.Нека си ја подучуваат својата младина за заслугите на Цар Борис,за успешната соработка со Хитлер, за тоа како ги спасиле Евреите од Бугарија а Евреите од окупираната Македонија ги испратиле во смртоносни логори на смртта и како Јосип Броз Тито заедно со партизаните и антифашистичката борба треба да ги ставиме на исто место со окупаторите и соработниците на фашизмот.Што е многу,многу е. Па дури и од една членка на ЕУ, пишува Спасов.