Милошевиќ сакаше да ја подели Македонија во 1993, рече Фрчковски

од Nikola Popovski

Србите имаа став за нас – Македонците се лесни за решавање и ќе ги оставиме на крај, кажа поранешниот министер за надворешни и внатрешни работи, Љубомир Фрчковски на трибината „Патот до независноста“, која се одржа во Владата.

Тој информира дека Милошевиќ имал формален предлог за поделба на Македонија во 1993 година.

-Тоа го пишува и во мемоарите на бугарскиот претседател Желев. Таа операција дека ние сме држава формирама на нивниот дел од Букурешкиот договор стоеше кај Милошевиќ до крај. Оттаму решителноста дека ние моравме да добиеме одговор на референдумското прашаење од нас 70%. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ тогаш не беше против референдумот, туку реален страв од резултатот. Тие имаа варијанта да останеме на Декларација во Собранието, како Словенците, рече Фрчковски, додавајќи дека кај нас била потребна народна поддршка за независност, бидејќи играта на српскиот режим била ако на референдумот Македонија се поделела 50-50, тие би имале можност за понатамошен влез во земјава.

Слични содржини