Милошоски: 10 до 15 години ќе бидат потребни за членство во ЕУ со предложената методологија

од Aleksandar Todeski
274 прегледи

Десет до петнаесет години би биле потребни за целосно члнество во ЕУ со новата методологија која ја предлага Франција, вели пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој додава дека етапите се замислени како школски систем, но и дека заради назадување, ќе има повратен прцес за земјата која преговара.

„Новата методологија за проширување на ЕУ, предложена од Франција, предвидува парцијално членство и 7 етапи при зачленувањето на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ. Зачленувањето е предвидено како строг, постепен и спор процес, но со поконкретна поддршка во текот на целиот процес, преку делумен пристап до инструментите од заедничките ЕУ-проекти, а можен би бил и пристап до помал процент од структурните фондови. Етапите на постепеното зачленување се замислени како школски систем, односно не можете да учествувате во политиките на ЕУ од петата етапа, доколку не ги исполните одредниците за влез и учество во четвртата етапа, претходно третата етапа итн. Човековите права и слободи, владеењето на правото и правосудството остануваат темелни основи на процесот, чие исполнување е услов без кој не се може“, пишува Милошоски на Фејсбук.

Според него, заради назадување во стандардите, земјата кандидат за члленство ќе може да биде суспендирана и да и бидат ускратени одредени фондови.

„Постепеното зачленување во ЕУ се предлага да биде повратен/реверзибилен процес кој ќе може, заради можно назадување во стандардите, да биде суспендиран, да бидат ускратени одредени фондови или да биде вратен на самиот почеток. Полноправното членство останува опција и крајна цел, но со оваа методологија од почетокот на преговорите до целосното членство во ЕУ би биле потребни околу 10-15 години“, смета пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини