Со 84 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, усвоена е одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели во законодавниот дом. Согласно одлуката, Собранието ќе има пет потпретседатели.
Од досега предложените пратеници, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ, доколку има потреба, на спикерското столче ќе го менувааат новиот собраниски спикер Африм Гаши.
Милошоски беше потпретседател на Собранието кога собраниски спикер беше Трајко Вељаноски. Митрески беше претседател на Собранието пред Африм Гаши, кога Талат Џафери беше избран за технички премиер, додека Весна Бендевска беше претседателка на комисијата за антидискриминација.
Целта на овој предлог е да се воспостави внатрешна структура на раководството на Собранието и да се обезбеди негово ефикасно функционирање.
На третата по ред пленарна седница на новиот парламентарен состав, усвоена е и Предлог-одлуката за формирање на постојани работни тела.