Милошоски до Димитров: Народот не беше искомплексиран кога ти даде 600.000 евра за плати

од desk2
89 прегледи

Во Собранието во тек е интерпелациска седница за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Од ВМРО-ДПМНЕ му забележуваат на изјавата дека македонскиот народ е искомплексиран, потоа за потпис на договорот од Преспа, како и за државната стипендија за студии во странство.
„Му бевте советник на премиерот Никола Груевски, а потоа бевте амбасадор во Хаг. Во тоа време, добивте 600.000 евра за плата. Тогаш народот не ви беше искомплексиран?“, праша Милошоски.

На ова, Димитров одговори дека го штити македонскиот народ од логиката дека првпат се гради негов идентитет во 2010 година.

„Тужбата во Хаг беше за прашањето за името или за нашето право да се зачленуваме во ЕУ и НАТО со нашето привремено име? Што се однесува до Груевски – ќе ја цитирам насловната страница од згаснатиот ‘Глобус’ во април 2008 година: Димитров против Груевски““, одговори Димитров.