Антонијо Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Фејсбук профил реагира во однос на кратењето на роковите за подготовка кои им се дадени на пратениците за расправата по обемниот материјал за составот на новата влада.
„Во врска со закажаната седница за избор на Влада, добро е да се знае, како било претходно, а како е сега, во однос на деновите кои им се дадени на пратениците и на медиумите за да се подготват за расправа и критика на обемниот материјал за програмата и составот на новата влада. Според бројот на деновите дадени за припрема во врска со материјалите за составот и програмата на владата се мери и почитта на власта кон јавноста и пратениците.
Претходно :
2006 година – На 14 август е доставен предлог за нова влада, а седницата се одржа на 25 август, со што пратениците и јавноста имаа 11 дена да го разгледаат материјалот и да се подготват за дебата за составот и програмата на Владата.
2008 година – На 12 јули е доставен предлог, а седницата се закажа на 26 јули, со што од денот на доставување на предлогот до седницата пратениците и медиумите имаа 14 дена за да се подготват за дебата за новата Влада и нејзината програма.
2011 година – На 15 јули е доставен предлог, а седницата за избор на владата се одржа на 27 јули; пратениците имаа 12 дена ги прочитаат и предлог програмата и биографиите на членовите на новата влада, и добро подготвени да дебатираат за изборот на Владата, а тоа е и во интерес на јавноста.
2014 година – На 7 јуни е доставен предлог а седницата се одржа на 19 јуни, со што пратениците и медиумите имаа 12 дена за да се подготват за дебата за составот и програмата на Владата.
Еве каков е односот на сегашнава власт кон јавноста и пратениците:
2017 година – На 28 мај е доставен предлог, а седницата се закажа и одржа на 30 мај, пратениците имаа 2 дена за да се подготват за дебата за состав и програма на Влада.
2020 година – На 26 август е доставен предлог, а седницата е закажана за 29 август, од денот на доставување на предлогот, и пратениците имаат 3 дена да го разгледаат обемниот материјал и да се подготват за дебата по составот и програма на Влада, од кои еден е неработен ден како значаен верски празник, соопшти Милошоски.
Според него, ваквото кратење на роковите потребни за добра подготовка и здрава парламентарна дебата само покажува колку власта го „почитува” Собранието, функцијата пратеник, медиумите и пошироката јавност.
„А ако речат дека причината е брзањето заради ефикасни институции, манипулираат, бидејќи доколку навистина им се брзаше, едниот немаше да оди на летен одмор после избори, ниту пак другиот ќе ја прекинуваше собраниска седница заради мекици.Со ваквото непочитување на власта кон пратениците за жал нема да се создаде стабилна политичка атмосфера во работата на Собранието“, додава тој.
Односот на власта кон јавноста и пратениците Во врска со закажаната седница за избор на Влада, добро е да се знае,…
Публикувахте от Antonio Milososki в Сряда, 26 август 2020 г.