Милошоски насмеан објави: Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

од Vladimir Zorba

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во случајот „Моќник“, Антонијо Милошоски денеска од Вашингтон, на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, соопшти дека од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Истиот неповолен исход, според него, се очекува и во периодот јан-јули 2022 година.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, вели Милошоски.

Слични содржини