Милошоски негативен и на вториот тест за Kовид-19

од Берта Китинска
285 прегледи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој беше хоспитализиран на инфективната клиника, има втор негативен тест на Ковид-19. Тој пред неколку дена беше примен со симтпоми на коронавирус, со покачена температура, но двата теста покажаа дека е негативен.

„Почитувани пријатели. И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение.И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата!Секое добро, Антонио Милошоски“, напиша Милошоски.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/photos/a.670461269640009/3424003157619126/?type=3