Милошоски прв призна дека прислушуваните разговори од бомбите се вистинити

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вечерва во емисија на ТВ Телма, во жестока дебата  со пратеикот Оливер Спасовски за првпат призна дека се точни разговорите кои ги објави СДСМ.

Милошоски лично призна дека се јавувал да интервенира за некој студент и призна дека нарачувал лустрација на судија од Кичево елаборирајќи дека тоа му било долѓност како пратеник, во што го негираа неговите соговорници Талад Џафери и Оливер Спсовски исто така како пратеници.

Според Милошоски тој судија бил кодош на УДБА и затоа од претседателот на комисијата за лустрација  Томе Аџиев, барал тсудијата да биде лустриран. Тој призна и дека интервенирал некој добар студент да биде вработен ама не успеало, а тоа беше исто од т.н. „бомби“

Досега Антонио Милошоски од прес конференции повторуваше дека лентите биле монтирани, сечени и лепени.