Милошоски: Владата нема никаква кадровска стратегија за коалиционите партнери

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во неговиот говор на денешната седница на Собранието, истакна дека владата нема никаква кадровска стратегија за коалиционите партнери кои ги повикува па ги отпушта од владините кругови.

„Денес разговараме за предлогот за предлогот за разрешување на Џемаил Чупи кој што во моментов е министер без ресор задолжен за областа дијаспора. Само да потсетам колку владата нема стратегија во изминативе две години. Прво во декември 2019 година Џемаил Чупи го предложија за амбасадор во Пекинг, Народна Република Кина, но не бидна ништо од тој предлог. Зошто? Веројатно знае премиерот и министерот за надворешни, но несериозно е кон една таква голема држава да имате предлог па да не го реализирате. Потоа во декември 2021 година го предложија за министер без ресор со назначување дека ќе се занимава со дијаспора, за денес февруари 2023 година да го предложат за разрешување и тоа без образложение. Да ни образложеше тука премиерот, да каже дека одреден дел од програмата на владата не ја спровел или има некоја злоупотреба или можеби направил непристојни работи, тогаш ќе можевме донекаде и да ги разбереме тие аргументи, но владата нема никаква кадровска стратегија ниту за коалиционите партнери коишто ги повикува па ги отпушта од владините кругови“, истакна Милошоски.

Слични содржини