Милошоски: Вучиќ направи подобар чекор од Борисов, Бугарија да ни донираше вакцини ќе го подобреше имиџот

од Nikola Popovski

„Еве го гледаме проблемот со вакцините. Вучиќ направи подобар чекор од Борисов или Радев“, смета пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за емисијата „Само вистина“.

Тој прашува зошто Бугарија не можела да пресмета дека таков гест од 5,10, 20 или 30 илјади вакцини ќе значи многу за нивниот интерес.

„Сметам дека односот на Бугарија кон Македонија треба да го преиспитаат тие. На ваков начин, не си го подобруваат нивниот имиџ кај македонскиот народ“, посочува Милошоски.

Слични содржини