Милошоски за функцијата „почесен претседател“: Доволна е чест да си ја задржиш кај членството и граѓаните, наместо во врамена во плакета

од Берта Китинска

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница ги усвои измените во Статутот на партијата, кои не предвидуваат почесни членови и почесни претседатели. Па тка  Никола Груевски, ниту било кој другпоранешен претседател согласно новиот Статут не се повеќе почесни претседатели.

По оваа одлука на својот Фејсбук профил се огласи Антонијо Милошоски кој напиша:

„Дополнувањата на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Централниот комитет претставуваат негова модернизација и заслужуваат да бидат поздравени.Значаен чекор напред во непосредната внатрепартиска демократија е воведувањето на непосреден избор од страна на членството на идните кандидати за општински советници, и идните кандидати за градоначалници.Минатиот труд, личниот углед, довербата кај членството и капацитетот на кандидатот да се носи со обврските на овие позиции ќе добијат на тежина.

Ограничувањето на мандатите на Претседателот на партијата и претседателите на ОК е нов значаен исчекор, со кој за првпат актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ става до знаење дека долговечноста на партиската функцијата не е цел сама за себе, туку дека партијата има доволно ресурси за редовно освежување на кадровските постави. Ваквиот циклус ќе внесува нова внатрепартиска динамика и кадровски натпревар, што ќе биде значајна демократска алатка за мотивација на активните членови.

Формирањето на Форум на интелектуалци како и Унија на ветерани е многу корисно бидејќи овие две тела се очекува да го зголемат опсегот на делување во рамките на своите целни групи и од истите да се добиваат корисни идеи, проекти и совети.

И за крај, во рамките на секоја партија или држава, сосема доволна чест, обврска и престиж е некој да биде претседател на партијата, на државата, на владата, градоначалник или министер, па затоа титуларните функции “почесен претседател, почесен градоначалник, почесен премиер” и слично, немаат некоја суштинска кадровска улога и подобро е за секого честа да си ја задржи кај членството и граѓаните, наместо истата да биде врамена во плакета“, напиша Милошоски.

Дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ од страна на Централниот комитет претставуваат негова модернизација и…

Публикувахте от Antonio Milososki в Сряда, 22 юли 2020 г.

Слични содржини