Милошоски за инцидентот: Не ми е пријатно, почна да фрла со тврди предмети

од Nikola Popovski

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска со изјава го даде своето видување на инциндетот на собраниската Комисија за европски прашања. Според пратеникот, ова денес што се случило е „Комисија на дивиот запад“.

-Не ми е пријатно ова што го кажувам, но тоа е претставата и сликата, особено за претседателот на Комисијата, Арбер Адеми. Тој на еден неделовнички начин, на насилен начин, без да им дозволи на пратениците да дадат измени и дополнувања на дневниот ред, ја турна целата Комисија во тензична атмосфера. Во моментот кога дојдовме до нашето право и сакавме да се разговара за заклучоците на Европскиот совет од Брисел, почна насилно да се однесува, да фрла со тврди предмети, да изрекува вулгарности кон колешки и колеги, изјави Милошоски.

Според објавеното видео, пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми во моментот кога бил откорнат неговиот микрофон на седницата на Комисијата и кога почнале да се собираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред неговото место, почнал да се однесува агресивно. Од видеото се гледа дека фрла со чаша и тацна по пратениците од опозицијата и да ги удира по рацете.

Слични содржини