Милошоски за „Локално“: Касни најмалку пет години предлогот на Османи за нов „Рамковен договор“ за ЕУ

од Destan Jonuzi

Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е дека на државата не и треба нов „рамковен договор“ за ЕУ, туку нов договор за Македонија напредна и успешна држава со сериозни европски стандарди и европска политичка култура, вели во изјава за „Локално“, Антонио Милошоски – актуелен пратеник и поранешен шеф на дипломатијата коментирајќи го предлогот на шефот на дипломатијата Бујар Османи за нов „рамковен договор“ за ЕУ помеѓу партиите на власт и опозицијата.

– Повикот на министерот Бујар Османи за обединување и нов „рамковен договор“ за ЕУ касни најмалку пет години, затоа што ние како опозиција предупредувавме кои ќе бидат последиците од несодветниот чекор на потпишување на договорот за добро сосетство со Бугарија, кои што сега е извор на различни провокации и тензии во македонско-бугарските односи, но и во самото општество. Ако ЕУ е прашање за национален консензус, тогаш главниот преговарач на државата со Европската унија требало да биде избран исто така со национален консензус за да може сите политички чинители, но и невладини организации да имаат доверба во таквата личност, а не тоа да биде еден партизиран процес каде што Владата има едиствена доминација, изјави Милошоски за „Локално“.

Тој нагласи дека, Османи без да има било какви консултаци и национален консензус превземал обврски да се смени Уставот на државата кои што е сувернитет на самата држава, притоа, додава Милошоски, не ги консултира граѓаните, избирачите опозицијата или пак другите политички партии.

– Ценам дека ваквите грешки направени од министерот Османи се негова одговорност и во моментов ваквите грешки преставуват и пречка за поголема доверба кај министерот Османи и за подобра соработка и консензус со сите политички чинители во Македонија, нагласи тој.

Милошоски информира дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката група и коалицијата е дека не ни треба нов „рамковен договор“ за Еу декларативен, туку треба нов договор за Македонија напредна и успешна држава со сериозни европски стандарди и европска политичка култура во Владтата, Собранието и помеѓу владата и опозицијата.

-Не договор само кога Владата ќе се најде во некаква криза, а можеби и сега се наоѓа во некаква криза самата политичка партија од каде доѓа министерот Бујар Османи и таму да се искористат тие моменти за декларативна некава европска агенда, потенцира Милошоски.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи упати апел до опозицијата што поскоро да се седне на заедничка маса и партиите да потпишат договор со кој ќе дадат поддршка на агендата на ЕУ.

– Ни треба нов „рамковен договор“ за ЕУ, со кој партиите ќе се усогласат дека ќе ги поддржат прашањата кои се однесуваат на Унијата. Директивите на ЕУ мора да ги прифатиме, без разлика кој е на власт, изјави Османи.

Тој смета дека париите што поскоро треба да склучат договор дека ќе соработуваат и дека ќе ги надминат разликите.

-Граѓаните мора да бидат победници во овој процес. Времето е сега, вели Османи, укажувајќи дека станува збор за надпартиска тема, за која не смее да има разлики.

Д.Ј.

Слични содржини