Милошоски: Забелешките на експертите се поиздржани отколку амандмани на партија

од Aleksandar Todeski

ВМРО-ДПМНЕ е задоволна што се прифати иницијативата за Јавна расправа, каде експертите ги кажаа своите мислења по однос на Законот за Јавно обвинителство, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по средбата за Законот за ЈО.

„Бидејќи не успејавме да се договориме чив правен аргумент е посилен, одлучивме на Министерката за правда да и ги предочиме забелешките кои експертите ги дадоа по однос на работната верзија, по од прилика 25 членови. Најголемиот дел од нив го оценија работниот текст како нецелосен, фаличен и како текст што му треба подобрување со цел ефикасно Обвинителство“, рече Милошоски.

Пратеникот вели дека немаат намера да се прават поголеми експерти од оние кои говореле и повика министерката Дескоска врз основа на овие забелешки со експертите да го срочи текстот на Законот.

„Ако одиме на политизирање на самите амандмани, шансите за консензус ќе бидат помали. Ако одиме на принцип експертите да го подобрат текстот, шансите за консензус ќе бидат поголеми. Се надеваме дека министерството ќе биде на ниво на задачата, да ги исконтактира експертите и да го подобри текстот на Законот“, додаде Милошоски.

Тој рече дека се подговтени на разговори во секој момент да разговараат со цел што подобар законски текст. Според пратеникот, тие не поднеле амандмани бидејќи забелешките од експертите се позидржани отколку амаднамни на политичка партија.

А.Т.

Слични содржини