Милошовски: Или избори или откажување на платформа, тоа му го разјаснивме на Хан

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Разговаравме и за можните ризици кои би биле последица доколку некој се обидува одредени национални теми или прашања да ги решава на сила наместо со аргументи.Да биде почитувана волјата на мнозинството граѓани, тоа беше нашата аргументација изјави Антонио Милошовски по средбата заедно со со еврокомесарот Јоханес Хан,на која присуствуваше заедно со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски .

Без разлика дали се работи за меѓуетнички или добрососедски теми. Им соопштивме дека има две реални можности за излез од оваа ситуација.

Првата е господинот Заев да се откаже и да ги отфрли туѓите платформи и со малцинска влада да ги реализира проектите. Втората е организирање на заеднички парламентарни и локални избори кои би се случиле во следните месеци…

Бидејќи ќе имаме локални избори цела држава ќе биде во предизборна атмосфера, во таква атмосфера е кориснп  да има и парламентарни избори. Мислам дека тоа добро го разјаснивме со со еврокомесарот Јоханес Хан, изјави  Антонио Милошовски кој заедно со лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Никола Груевски ,беа на вечерните  разговори заедно со тројцата европраетници.