Селенот е неопходен минерал од големо значење за здравјето на луѓето. Неопходен е за животот и нормалното функционирање на организмот.
Науката потврдува дека важноста на селенот се рефлектира во неговата антиоксидативна заштита и детоксикација на организмот, придонесува за нормална функција на тироидната жлезда, нормален метаболизам на енергијата, правилна функција на имунитетот, нормална репродукција и процес на сперматогенеза, одржување на нормална коса, кожа и нокти.
Овој моќен минерал е слабо застапен во нашето тело, го има само во траги, и затоа е многу важно да го земеме на други начини.
Храна која претставува најбогат извор на селен е месо и риба. Туната е особено богата со селен. Секој знае дека јајцата се добар извор на протеини, но исто така се богати со селен, особено жолчките. Друг начин да се внесе селен во организмот е преку сирење, интегрални житарки, лук, соја, печурки и тестенини. Исто така, важно е да се напомене дека концентрацијата на селен во храната варира и дека не е секогаш можно да се надомести на тој начин.
Поради слабата исхрана со протеини, како и помалото внесување на риби и интегрални житарки, недостатокот на селен е се почесто присутен кај популацијата. Негов недостаток влијае на забрзаната работа на срцето, пад на имунитетот, па дури и на плодноста кај мажите. Честопати нема јасни симптоми, па затоа е тешко да се заклучи недостаток на селен во организмот.