Пет малку познати симптоми на недостаток на витаминот Б12

од Stefanija Kuzmanovska

Витаминот Б12 е вклучен во многу процеси во телото, вклучително и синтеза на ДНК, формирање на црвени крвни зрнца и изолациона обвивка која им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем.

Доколку сте доживеале некој од долунаведените симптоми на недостаток на витамин Б12, обратете се кај вашиот лекар.

Недостатокот на Б12 може да предизвика анемија и симптоми како што се замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност. Сепак, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми.

Според статија објавена во British Medical Journalu (BMJ) оваа година, има пет проблеми забележани кај 85 отсто од пациентите со недостаток на Б12: Проблеми со меморијата, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрени).

„Анемија е присутна кај помалку од 20 отсто од луѓето со недостаток на витаминот Б12. Невролошките проблеми, кои се многу почести, може да траат со месеци, па дури и со години додека целосно не се повлечат“, се наведува во написот.

Кај луѓе кои немаат тежок дефицит на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот Б12 може да се дава орално во доза од 1000 до 2000 μg еднаш дневно. Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. Количината на витамин Б12 во храната зависи од видот на храната и земјата на производство.

Во повеќето случаи, ситуацијата ќе се подобри кога ќе ја збогатите исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца, квасец и храна збогатена со витамин Б12. Меѓутоа, ако недостатокот е потежок, можеби ќе треба да земате додатоци во исхраната на дневна основа.

Слични содржини