Владеачката СДСМ утрово преку соопштение порача дека во секој сегмент, зад себе имаат резултати што прават разлика.
-Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари. Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари. Покрај тоа, воведовме и нова методологија со која минималната плата ќе расте секој март и тоа нема да зависи од политичката волја на која било влада во иднина. Ветивме и го исполниваме дадениот збор за просечна плата од 34.000 денари и тоа ветување го исполнивме една година порано од предвидениот рок, истакнуваат од СДСМ.
Потенцираат дека за опозицијата беше незамисливо, па дури и смешно просечната палата да изнесува 500 евра, а денес таа изнесува над 34.000 денари и е во постојан раст.
-Сето ова е резултат на успешните економски мерки и политики на Владата предводена од СДСМ. Продолжуваме со вистинска грижа, продолжуваме да работиме на унапредување на животниот стандард на работниците и на сите категории на граѓани, порачаа од „Бихаќка“.