Минималната плата во Србија од 1 октомври ќе биде 500 евра, од 1.1.2026 веројатно и 550 евра

Станува збор за вонредно покачување на цената на трудот.

од desk2
39 прегледи

Минималната плата во Србија од 1 октомври годинава ќе биде повисока за 9,4% отколку претходно, и ќе изнесува 58 630 динари, односно 500 евра, реши Социјално-економскиот совет на денешната седница, известија српските медиуми.

Станува збор за вонредно покачување на цената на трудот. Редовното се врши на 1 јануари секоја година.

Сега минималната плата во Србија изнесува 53 592 динари, односно 457. Таков е износот од 1 јануари годинава, кога се изврши нагорна корекција од 13,7%.

Од 1 јануари 2026 година, минималната плата би можела да изнесува и 550 евра, но дали тоа ќе се случи, ќе се знае по преговорите на сите социјални партнери, кои ќе почнат кон крајот на август и почетокот на септември, објасни министерот за финансии Синиша Мали по седницата на Социјално-економскиот совет,

Слични содржини