Минималната температура 9, максималната 35 степени

од Vladimir Zorba

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје претежно сончево, со минимална температура до 14, а максималната до 33 степени.

УХМР најавува дека и утре ќе преовладува сончево време со свежо утро, а потопло преку денот. Под влијание на влажен бран в понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Слични содржини