Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.
Податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница, покажуваат дека за храна и пијалоци се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари.
Во споредба со октомври кога за минимални месчени трошоци биле потребни 65.544 денари има намалување од 371 денари.