Министерката за финансии се залага за стимулирање на безготовинското плаќање

од Aleksandar Petrovski
326 прегледи

Намалување на плаќањето во готовина и стимулирање на безготовинско и дигитално плаќање ќе биде заложба на Министерството за финансии и Народната банка оваа година, ова го посочи министерката за финансии Нина Ангеловска  во одговор на новинарско прашање за зголемување на лимитот за плаќање во готово од 500 на 3000 евра

Таа потенцира дека приоритет откако е на оваа функција е борба против сивата економија која што значи зголемување на дигиталното плаќање и безготовинските плаќања.

Министерката појасни дека не се работи за предлог на Министерството за финансии,  станува збор за предлог од пратеници што беше поддржан во Собранието, но оти и Министерството за финансии укажало дека треба да се земе компаративна анализа со други земји и дека можеби треба да се преиспита висината на постигнување на новиот праг.

-Доколку ги погледнеме и другите земји некои воопшто немаат лимит, има земји како соседните, Хрватска, Бугарија, Словачка мислам дека  имаат лимит околу 5.000 евра  додека кај нив просечната плата се движи од 600 до 700 евра. Сега ако земеме предвид новопоставениот предлог и праг што е веќе усвоен е 3.000 евра,  а просечната плата е близу 500 евра, значи се движиме во некој ранг како овие земји коишто имаат поставен  лимит, бидејќи има сега секако и земји како Хрватска, Чешка на пример кои имаат на пример 15.000 евра што е далеку  повисок. Има некои земји што тоа го уредуваат различни стапки за нерезединети, различни за домашни. Но секогаш е важно како ние тоа ќе го контролираме кога се ставаат вакви предлози, рече министерката.

Минситерката потенцира дека заложбата во оваа година, заедно со Народната банка е да се намали готовиата и да се стигмулира безготовинско и дигиталноплаќање.

Со законски измени направени во декември 2019 година, од почетокот на овој месец плаќањето во готовина е зголемено од 500 на 3000 евра.

Слични содржини