Министерката за финансии засади три дрва за зелена и чиста околина

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Министерката за финансии Нина Ангеловска го прифати еко-предизвикот за раззеленување на животната средина и денеска засади три дрва.

„Пред некое време заменик министерот за економија Кирил Колемишевски реши да засади дрво и да предизвика и други да го направат тоа, бидејќи ако сите правиме мали чекори може да придонесеме кон големи промени.“ – напиша Ангеловска на својот ФБ профил.

Таа ги номинираше министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и заменик министерката за финансии Ширет Елези да го продолжат предизвикот, да засадат дрво и, како што напиша Ангеловска, да придонесеме сите заедно за зелена и чиста околина.

Слични содржини