Како и секогаш, Мадона знае како да импресионира и провоцира. За време на учеството на “Евровизија-2019” нејзини танчари имаа палестинско знаме на грбот, што беше определено од израелската министерка за култура Мири Регев како “грешка”.
Инцидентот се случи за време на учеството на кралицата во финалето на натпреварот Евровизија-2019, објави францускиот печат.
“Тоа е грешка, не треба да се меша политиката во една културна манифестација, со сета почит што ја чувствувам кон Мадона”, изјави г-ѓа Регев на редовната неделна седница на Министерскиот совет.
Министерката ја критикуваше израелската медиумска организација Кан, коорганизатор на фестивалот, која не си ја завршила својата работа, откако се појавија на екранот палестински знамиња. Кралицата на поп музиката Мадона не подлегна на притисокот на пропалестинските активисти да го бојкотираат натпреварот во Тел Авив.
Според нив, израелските власти се обиделе да ги минимизираат немилите настани при израелско-палестинскиот конфликт. Непосредно пред учеството како гостин на финалето, Мадона изјави: “Никогаш не треба да ја потцениме моќта на музиката да ги зближува луѓето!” Уште не е познато дали таа знаела дека нејзини танчари ќе се појават со палестински и израелски знамиња.
За време на објавувањето на резултатите членовите на исландската група “Хатари”, познати по негативниот однос кон израелската окупација на палестинските територии, отворија транспаренти со палестинското знаме, предизвикувајќи свирежи од страна на публиката.