Министерот Алиу најавил оставка

од Nikola Popovski
285 прегледи

Целата Влада ќе биде во оставка од четврток наутро во 10 часот. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Во однос на најавите за оставката на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, премиерот рече дека разговарал со министерот.

-Цела Влада ќе биде во оставка од четврток и никој од министрите нема потреба да поднесува било каква оставка. Министерот е квалитетен човек и извонреден експерт. Целата дискусија е во насока на законите кои ги предложило неговото министерство. Во Собранието веќе се подготвува расправа за предлог-законите. Ќе има парламентарна дискусија и парламентарна седница. Алиу напорно работеше на нивната реализација, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Станува збор за три закони за реформа на јавната администрација,  два за дигитализација и законот за медиуми.

Алиу најави прес-конференција во текот на денот. Алиу доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците.

Премиерот смета дека сите политички партии треба да ја поддржат техничката влада согласно законот, со оглед дека „новиот технички премиер Талат Џафери бил министер во времето на ВМРО-ДПМНЕ“.

Слични содржини