Министерот Нухиу бара итно разрешување на директорот на БЈБ, Чавков

од Vladimir Zorba
202 прегледи
Со наредба е назначен Горанчо Савевски, државен советник во Бирото за јавна безбедност.
 Министерстот за внатрешни работи Агим Нухиу поднел предлог до Владата за разрешување на Митко Чавков и од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност. На негово место го предложил Горанчо Савевски.

Како што соопшти Нухиу на прес-конференција,  за координаторот на Оперативниот штаб  со наредба е назначен Горанчо Савевски, државен советник во Бирото за јавна безбедност.

Нухиу информира и дека  МВР формира работна група составена од професионалци која има задача да утврди дали Оперативниот штаб и организициските единици во Министерството во четвртокот во Собранието постапувале согласно утврдените процедури, дали се направени пропусти, евентуални пречекорувања или неизвршување на работните задачи.

– Дел од структурите на МВР предизвикаа многу штета на нашата држава и на демократските вредности. Ова што се случи во четвртокот во Собранието е големо зло. За да ја поправиме штетата ќе биде потребно долго време и ангажман не само од сите служби на МВР, туку и од другите институции, истакна Нухиу.

Според него, враќање назад нема, работите мора да се расчистат до крај. Секој, како што додаде, ќе одговара за своите постапки.

Работната група на МВР ќе подготви извештај чии заклучоци, нагласи Нухиу ќе бидат доставени до Јавното обвинителство за натамошно постапување по работата на Оперативниот штаб.

Министерот ги повика сите вработени во МВР активно да се вклучат во расчистување на настаните од четвртокот,  преку пишување и доставување службени материјали.

– Сакам да ги повикам и да ги охрабрам вработените во МВР професионално да продолжат да си ја вршат работата. На Министерството му се потребни професионалци кои во иднина ќе бидат столб на оваа институција, подвлече Нухиу

Toj изрази благодарност до медиумите и им даде надеж дека ќе продолжат со својата професионална работа.