Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак поднесе оставка откако Парламентот на Словачка одби да ја ратификува конвенцијата на Обединетите нации за мигрантите.
Откако со 90 гласови Парламентот реши да ја одбие конвенцијата, Лајчак соопти дека отстапува од должност шеф на дипломатијата. Него го очекуваат разговори со премиерот Петер Пелегрини и претседателот Андреј Кишка.
Парламентот гласаше и за тоа дали СЛовачка ќе учестувва на самитот во Маракеш во Мароко, на кој треба да се разговара за Конвенцијата. Според најсилната партија Смер, дефинитивна одлука не е донесена.
Но една од коалиционите партии, Словачката национална партија, инсистира на тоа Словачка да не оди во Мароко и дека не треба да разговара за Конвенцијата на Обединетите нации.