Министерство за финансии на САД: Борбата со обидите за избегнување на санкциите против Русија дава резултат

од Radmila Tasevska

Предупредувањето на Вашингтон за можно воведување санкции против странски финансиски институции придонесе да се намалат паричните трансакции меѓу Русија и такви земји како Турција, ОАЕ и Казахстан, изјави денеска заменикот министер за финансии Воли Адеиемо.

Според него, податоците во посед на министерството, вклучувајќи извештаи на финансиски институции, укажуваат на намалување на движењето на парите откако во декември администрацијата на САД издаде указ што се закани со санкции за финансиски институции од тие земји кои помагаат Русија да ги избегнува западните санкции воведени по инвазијата во Украина.

-Од она што го гледаме, забележувам значајна разлика во финансиските текови поврзани со трансакции… на потенцијално блокирани ентитети. И слушнав од некои набљудувачи… дека тие сега се многу повнимателни со водење бизнис со Русија, а тоа е она што го сакавме, изјави тој.

Според Адеиемо, многу странски банки го зеле сериозно указот на Вашингтон откако документот наложи дека ќе се прибегне по вторични санкции. Вторичните станкции се нацелени против странски лица или компании кои водат бизнис со тие кои веќе се под американски санкции.

Вашингтон засега го нема активирано овој указ за воведување санкции против странски банки и фанансиски институции.

Слични содржини