Министерството за култура и туризам информира дека од вкупно 123 институции од областа на културата (74 национални и 49 локални), изработи плати за 115 институции. Тврдат дека не се точни обвинувањата на СКРМ дека Министерството не ги изработило платите на локалните институции. Во соопштението се додава дека Министерството за култура и туризам веднаш ги пресметува платите онака како што се доставуваат од страна на општините и истиот ден ги носи на исплата во Министерството за финансии.
-Ве информираме дека Градот Скопје за установите што се под негова надлежност: Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Дом на културата „Кочо Рацин“, Зоолошка градина – Скопје, Детски културен центар – Карпош, Универзална сала, Младински културен центар – Скопје, Музеј на Град Скопје и Културно-информативен центар – Скопје, сѐ уште немаат доставено до Министерството за култура и туризам комплетна документација за пресметка на платите.
Веднаш штом ќе се доставена комплетната документација за плати од страна на Градот Скопје, Министерството за култура и туризам ќе ја обработи и достави до Министерство за финансии за исплата, истакнуваат од МК.
Од овие причини, додаваат оттаму, реакцијата на СКРМ ја сметаме за тенденциозна и не аргументирано насочена кон Министерството и кон министерот Зоран Љутков.