Министерство за култура: Предлогот на УНЕСКО за Охрид не ги отсликува во целост преземените реформи

од Nikola Popovski

Предлог-одлуката на Центарот за светско наследство при УНЕСКО, Охридскиот регион да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, не ги отсликува во целост реформите и сите активности кои се преземени од страна на централната и локалните власти до денеска, смета Министерството за култура.

Во периодот кој претстои, заедно со Република Албанија, ќе ги презентираме аргументите зошто Регионот не би требало да биде ставен во опасност, како и плановите за чекорите кои двете земји ќе ги преземаат во наредниот период“, велат од Министерството за култура.

Без разлика на крајната одлука, С. Македонија, во соработка со Република Албанија и Центарот за светско наследство, ќе продолжи активно да ги спроведува препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион, додаваат од Министерството за култура.

Покрај Охрид, и Венеција и Будимпешта би можеле да бидат ставени на списокот на УНЕСКО за загрозено светско наследство, објави организацијата на ООН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Комитетот за Светско наследство е длабоко загрижен од заклучоците на Реактивната мониторинг мисија, која смета дека високите објекти близу до езерото, слабиот архитектонски квалитет на изграденото (посебно во поголемите градови Охрид, Струга и Поградец, но и долж брегот надвор од градовите), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежјето за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание на универзалната вредност на Охридскиот Регион.

Во врска со Македонија, Комитетот смета дека е направено премалку да се запре уништувањето на урбаниот и поширокиот пејзаж со несоодветни конзервација, реконструкција и развој.

Слични содржини