Министерството за одбрана и Владата се 100% транспарентни, вели извештај на Центарот за граѓански комуникации

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:

– Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %).

– Во однос на лани, активната транспарентност е подобрена за 10 процентни поени (од 63 % на 73 %).

– Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 % од институциите.

– Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 %, а на општините 70 %. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.

– Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

– Три општини се наоѓаат на третата позиција, со високи 97 % исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност и се воедно лидери меѓу општините: Битола, Валандово и Карпош.

– Меѓу регионите, на првото место изби Југоисточниот Регион (со 84 % активна транспарентност), додека на последно место останува Скопскиот Регион (со 56 % активна транспарентност).

– Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите (само 56 % од можни 100 % општините, 82 % од можни 100 % министерствата).

– На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините одговорија во просек за 12 дена (лани за 17 дена), а министерствата одговорија за 16 дена (лани исто така за 16 дена). 93 % од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена.

Слични содржини