Министерството за внатрешни работи на Србија потврди: Дојавите за бомби во 115 белградски училишта биле лажни

од desk4
255 прегледи

Инаку, ова не е прв пат на адресите на основните и средните училишта во Србија да стигнува дојава за подметнати бомби.

Неколку основни училишта во реонот на Белград и Србија денеска добија дојави за подметнати бомби. Од тие училишта на родителите им било кажано да не ги носат децата на училиште, а алармирана била и полицијата која извршила антиексплозивна проверка на зградите. Во исто време, на социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледа како децата ги напуштаат училиштата кои добија дојава за поставени бомби. Информации за поставени бомби стигнаа и на адресите на некои средни училишта.

Извештаите за поставени бомби, испратени по електронска пошта на адресите на 115 основни и средни училишта во Белград, се лажни, потврди српското МВР.

Извештаите за бомбите дојдоа две недели по неодамнешното масовно убиство во основното училиште Владислав Рибникар, што предизвика дополнителна проверка, каде полицијата испрати специјализирани тимови во училиштата за проверка.

Инаку, ова не е прв пат на адресите на основните и средните училишта во Србија да стигнува дојави за поставени бомби. Истите дојави се испратени на адресите на некои компании како и на аеродромот Никола Тесла. Засега ниту една од овие извештаи не се покажа како вистинита, а подоцна беше утврдено дека дошле од земји ширум светот.

Слични содржини